И доколку Ковид не бил директна причина за смрт, лицето влегува во статистиката на починати од корона вирус

by fokus

Министерот Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма објасни дека една од причините зошто Македонија има висока стапка на смртност од корона вирусот е тоа што ги пријавуваат апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19. Сите тие се бројат во таа статистика.

-Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај, рече Филипче.

Поврзани новости