Филипче го осуди групирањето на погребот на Амди Бајрам, но вели дека не можеле да влијаат

by fokus

Според министерот за здравство, Венко Филипче големиот собир за време на погребот на Амди Бајрам е за осуда, но вели дека тие не можеле да влијаат.

-Без намера да ги навредам чувствата на семејството, но ние од почетокот осудуваме вакви настани. И овој, апосолутно. Тоа не треба да се случува, граѓаните треба да се свесни. Како што знаете изминатиов период за жал се случуваа и свадби и прослави, иако се забранети. Мора да знаете дека полицијата многу поревносно работи отколку кога беше техничката влада. Но, за некои настани едноставно не можеме да влијаеме. Кога Чулев беше, имаше настани кога можеше нешто да се направи, рече Филипче во интервјуто на телевизија Телма.

Инаку, поворката за погребот на Амди Бајрам ја предводеше полициско возило.

Поврзани новости