НСДП на изборите повторно ќе трча со Мисовски и Мираковска, од ЛДП сигурен е Милевски

by Фокус 15:26
15:26

Најголемата опозициска партија, СДСМ, ги дефинираше листите со кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори, но остави празни места за „помалите“ коалициски партнери, кои, според информации на Фокус, треба да ги пополнат најдоцна до почетокот на следната седмица.

Од двете најсилни партии по социјалдемократите во рамки на оваа коалиција – НСДП и ЛДП, велат согласно договорот со поголемиот партнер, имаат по две сигурни места на пратеничките листи и едно кое, според анкетите и истражувањата, е на граница на влез во парламентот.

- Advertisements -

-Врз основа на определбата на листите да вклучиме граѓански активисти, интелектуалци и непартиски лица одлучивме на сметка на тоа да отстапиме од договорот за претходните избори, кога имавме по 3 сигурни места – објаснуваат од двете партии.

Од НСДП на Тито Петковски посочуваат оти на двете сигурни места ќе ги кандидираат актуелните пратеници Горан Мисовски и Соња Мираковска, а за третото полусигурно место партијата ќе одлучува меѓу тројца претенденти од битолскиот огранок на новите социјалдемократи.

-Веќе имавме седница на Централниот одбор, кој го овласти Извршнот одбор да ги пополни местата за кандидати за пратеници на седница која ќе се оддржи во вторник – информираат новите социјалдемократи.

Од ЛДП, пак, велат дека едното сигурно место сигурно ќе му припадне на партискиот лидер Горан Милевски, додека за втората сигурна позиција ќе кандидираат жена, при што изборот ќе падна на едно од адвокатката Даница Чадиева, Јулијана Николовска од партискиот Форум на жени и Соња Георгиевска од Виница.

-Моментално правиме избор кого да кандидираме од женскиот пол од оние што влегоа во потеска конкуренција, а за третото несигурно место ќе одлучиме дополнително – истакнуваат либералдемократите.

Инаку, по едно сигурно место на листите е предвидено за коалициските партнери кои ги претставуваат „помалите“ етнички заедници во државава – ромската, турската…

В.С.

Поврзани новости