Ново судско рочиште за случајот „Сопот“

by Fokus

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиштe за предметот „Сопот“, кој е од 2003 година, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.

Последната судска расправа за случајот „Сопот“ беше одложена затоа што одбраната побара повеќе време за подготовка. Адвокатите на обвинетите тврдеа дека е потребно време за концентрација на доказите откако случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

 

 

Поврзани новости