Заев и Борисов денеска одржуваат заедничка седница во Струмица

by Fokus

Македонија и Бугарија денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе ја одржат првата заедничка на двете влади, а со седницата ќе заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов и како што е најавено, ќе бидат потпишани и неколку договори и меморандуми.

На седницата, во чиј фокус ќе биде напредокот во добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји. Ќе се разгледуваат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката.

Поврзани новости