Ново барање за екстрадиција на Груевски како организатор на „27 април“

by fokus

Ново барање за екстрадиција на екс премиерот Никола груевски деновиве ќе испрати Министерството за правда до Будимпешта, но сега како обвинет за крвавиот упад во Собранието.

– Целокупното досие од судот и обвинителството ни стигнаа кон крајот на минатата недела, деновиве тоа ќе биде пратено до Будимпешта – изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Министерството и претходно бараше Груевски да биде испорачан како осудено лице во случајот „Тенк“, но Унгарија одби да го екстрадира Груевски кој доби азил таму.

Против Груевски сега е покренато обвинение во кое се товари за организација на 27 април.

Поврзани новости