Крушево ќе лудува викендов: Трето издание на фестивалот „Кога во Крушево“

by fokus

Претстојниот викенд во Крушево (21-23 јуни) ќе се одржи третото издание на фестивалот „Кога во Крушево“.

Овој фестивал на отворено веќе трета година ги собира најголемите авантуристи од земјава и Балканот на едно место, нудејќи одлична забава и многу интересни активности.

Во тридневната агенда, учесниците ќе бидат дел од планинарски и велосипедски тури, а покрај езерото во Крушево ќе има и кампинг зона за посетителите.

Новитет за оваа година е јавање на коњ, а од останатите претходни активности остануваат кајакарење и тандем-параглајдинг по поволни цени.

Во петок и сабота вечерните часови се резервирани за музика од различен стил, за сите вкусови.

Целокупниот распоред на фестивалот можете да го видите тука.

Оваа зима за првпат беше организирано и зимско издание на овој фестивал, кој од година во година привлекува се повеќе посетители.

Ј.Ц.

Поврзани новости