Новиот сој на корона вирус потврден во Белгија

Ова е прв случај регистриран во Европа

by fokus

Белгија го регистрираше првиот случај на новиот јужноафрикански сој на корона вирусот во Европа.  Се работи за млада невакцинирана жена која развила симптоми слични на грип 11 дена откако патувала во Египет.

Жената немала никакви врски со Јужна Африка или соседните земји, со кои ЕУ денеска ги прекина авионските линии поради новиот сој.

Европските и азиските земји денеска ги заострија ограничувања за патување, откако во Јужноафриканската република (ЈАР) беше откриена нова варијанта на корона вирусот со најголем број мутации досега, но сè уште не е познато дали е поопасна од претходните соеви.

Велика Британија, Германија, Израел Сингапур и Јапонија се меѓу оние кои веднаш иницираа забрана за летови од ЈАР и соседните земји. ЕУ предлага да се забранат летовите од тој регион во целата Унија.Сепак СЗО, по денешната итна седница оцени дека препораките за воведување рестрикции при патувањата се избрзани.

Поврзани новости