Новинарка кон Љубен Арнаудов: Имавме чувство дека ќе не’ запалат во Собрание

by fokus

Пратеникот Љубен Арнаудов денеска пред суд порача дека е невин, и на овие судења за насилствата на 27 април минатата година, доаѓа да докаже дека не сторил никаков прекршок.

Пред да влезе во судот, Арнаудов беше запрашан од новинарка на „Сакамдакажам“, дали тој се обидел да сфати како им било нив на новинарите при случувањата.

„Имавме чувство дека ќе не’ запалат. Сте се обиделе ли да сфатите како ни беше на нас новинарите ? Вие се поздравувавте со нив“, го праша новинарката.

„Дали јас се поздравував со нив или тие со мене, тоа е различно“ и одговори Арнаудов.

Поврзани новости