Новинарите од МПМ го радикализираат штрајкот и веќе не пишуваат текстови

by fokus

Иднината на дневните весници „Дневник”, „Утрински весник” и „Вест” е неизвесна. Новинарите од весниците на МПМ од денеска го радикализираат штрајкот со времетраење од осум часа, односно со полно работно време.

-Ова е од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период- велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Инаку, штрајкот на новинарите почна пред три недели. Повод беше неисплатената плата, но вработените велат дека незадовоството се насобирало цело две години, поради намалувањето на платите, отпуштањата и персоналните смени на уредничките тимови.

Пред почетокот на штрајкот, имаше и промени во раководството на МПМ, со кое сега раководи само Срѓан Керим, бидејќи Орце Камчев и Јана Станисавњева ја напуштија компанијата.  Старо-новиот сопственик пак, одбива да се сретне со вработените.

Поврзани новости