Двајца пациенти починаа во расипана кола на Брза Помош

by fokus 18:43
18:43

Двајца пациенти од Крива Паланка синоќа починале во возило на Брза помош, додека како итни случаи се превезувале на лекување во Скопје.

Тие биле испратени во Ургентниот центар во Скопје, но возилото се расипало, а додека се остранувал дефектот и двајцата починале. Едниот бил  40 годишен маж кој се жалел на болки и пред две недели трасплатирал бубрег и еден осумдесет годишен маж со симтоми на гушење.

- Advertisements -

Настанот денеска го потврди директорот на Здравствениот дом во Крива Паланка.

-Пациентите биле во критична здравствена состојба. Прво се однесени во Кумановската болница каде лекарите препорачале поради сериозноста на болеста да бидат транспортирани за Скопје. Повозрасниот пациент кој има 86 години и сериозно белодробно заболување починал веднаш по напуштањето на болницата, на излезот на Куманово, но екипата го продолжила патот за да го спаси вториот пациент кој имал компликации по трансплантација на бубрег. Попат му се слошило и на него, а кај Рафинерија се расипало возилото. Веднаш била побарана помош од Итната помош на Скопје и Куманово. Возачот продолжил да се движи кон наплатната рампа и за 10 минути стигнала Брза помош од Скопје, но пациентот во меѓувреме починал – објаснува Стефановски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од Основното јавно обвинителство рекоа дека чекаат официјално известување и документација за целиот случај од Полициската станица во Крива Паланка, па кога тоа ќе стигне, ќе го разгледале случајот.

Поврзани новости