Нови 899 случаи на корона вирус

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022), направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција. Регистрирани сe 670 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719.

Поврзани новости