Нови 642 случаи на корона од 2.730 тестирања

by Фокус

Министерството за здравство информира во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на ковид 19. Ситуацијата по градови е следна:

Скопје – 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.

Досега, во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 119.378.

Поврзани новости