Нови 48 случаи на корона вирус во Тиквешко

by fokus

Едно дете од градинка во Неготино е позитивно на корона вирус, по што 13 деца и двајца вработени од градинката одат во изолација денес, јавуваат од ЦЈЗ Кавадарци.

Исто така, до 14 часот се регистрирани 20 нови случаи на вирусот во Неготино, на возраст од 17 до 54 години.

Во Кавадарци има 25 случаи на возраст од 19 до 67 години, во Росоман едно лице на возраст од 53 години и две во Демир Капија, на возраст од 43 и 44 години.
Починат е пациент од Кавадарци на возраст од 73 години на ковид одделот во болницата.

Таму се хоспитализирани 39 пациенти и моментално има 21 слободно место.

Вики Клинчарова

Поврзани новости