Нови 336 позитивни случаи на ковид 19

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19.

Притоа, ситуацијата по градови е следна: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земја од почетокот на епидемијата досега изнесува 61.878.

Поврзани новости