Починаа уште 32 лица заразени со корона

by Фокус

Во изминатото деноноќие, починале 32 лица заразени со ковид 19. Како што соопшти Министерството за здравство, дванаесет пациенти се од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82), двајца од Прилеп (70 и 55), тројца од Тетово (64, 79 и 67), двајца од Струга (67 и 74), еден од Велес (51), двајца од Охрид (70 и 74), еден од Кавадарци (77), еден од Гостивар (61), двајца од Струмица (63 и 66), двајца од Радовиш (62 и 70), еден од Кочани (64), еден од Делчево (78), еден од Кичево (64) и еден пациент од Неготино (55). Од нив, двајца пациенти се починати вон болнички услови.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

Досега, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 61.878, бројката на оздравени пациенти е 38.946, на починати е 1.763, а бројот на активни случаи изнесува 21.169 лица.

Поврзани новости