Нови 26 заболени од корона вирус на направени 330 теста, вкупната бројка достигна 854 заразени

by Fokus

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

    Скопје – 316
    Куманово – 211
    Дебар – 49
    Штип-27
    Прилеп –75
    Тетово – 37
    Струга – 43
    Велес – 32
    Битола –9
    Охрид –4
    Кавадарци – 3
    Гостивар –8
    Гевглелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-3
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 22

    Пробиштип – 2

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.

Поврзани новости