Старец од Тетово се шетал со пиштол за време на полициски час

by Fokus

Жител на Тетово на возраст од 77 години бил приведен вчера, откако бил затекнат како се движи по улица во градот за време на полициски час и кај него бил пронајден пиштол.

-Р.А (77) е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци. При негов преглед пронајден му е пиштол со рамка со 7 куршуми, калибар 7,65 милиметри, кои го поседувал без дозвола, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поврзани новости