Повеќе од 1.500 јавувања во Владата за економските мерки

by Fokus

За една седмица до Владата телефонски се обратиле вкупно 1.579 граѓани со прашања за економските мерки. Телефонскиот број 02/324-8040 за граѓаните е пуштен во употреба од минатиот понеделник, а најчестите прашања кои се поставени се за финансиска поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволите за движење во полициски час.

„Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните: можноста за користење на финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците; можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа; кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија; постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час“, информираат од Владата.

Поврзани новости