Нoви 168 позитивни на коронавирусот и 7 починати

by Fokus

Сто шеесет и осум нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа. Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, направени се 1.478 тестирања, регистрирани се 275 оздравени пациенти, а починати седум лица.

Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Од регистрираните 275 оздравени пациенти од Скопје се 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево – по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Од седумтемина починати лица четири се од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

Поврзани новости