Димковски: Забраната за движење во шумите е поради пожарите и не го опфаќа Водно

by Фокус

Министерот за земјоделство Трајан Димковски денеска појасни дека мерката за забрана за движење во шумите не е целосна, туку се работи за делумна забрана донесена заради спречување на шумските пожари.

-Кога граѓаните реагираат не ги знаат податоците или не ги интересираат многу анализите. Само во последните 30 дена во овој период во кој многу од граѓаните се чудеа зошто е донесена бидејќи имавме и снег по планините и повисоките места, имаме 25 шумски пожари. Делумната забрана за движење е токму за да се заштитат шумите од пожарите – рече Димковски.

Димковски информира дека сите оние лица кои имаат потреба од извршување на економски активности во шумата како што се собирање на шумски билки и печурки, но и планинарите преку планинарките друштва, треба да се пријавуваат во подружниците на „Национални шуми“ во градовите и на тој начин добиваат дозволи за движење.

-Оваа мерка се однесува само за шуми со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“ и не ги опфаќа заштитените подрачја Водно, Гази Баба и другите национални паркови – порача тој.

Поврзани новости