Новата 2024 година веќе пристигна на Кирибати

by fokus

Доаѓа Нова Година, а во Кирибати веќе пристигна 2024 година.

На тихоокеанскиот остров Кирибати во 11 часот по наше време веќе влегоа во Новата година, а час по нив Новата година пристигнува во Нов Зеланд.

Кирибати е островска држава во централниот дел на Тихиот Океан, а 33-те атоли на Кирибати покриваат повеќе од 1.350.000 квадратни километри во областа околу екваторот.

Добро се подготвени и за пречекот во Австралија, каде веќе почнаа да палат огномети, иако 2024 година се уште официјално не е пристигната.

Поврзани новости