Новата 2017 почна со 39 убиени во ноќен клуб во Турција

by fokus

На час и половина по пристигнувањето на новата 2017 година, најмалку 39 лица беа убиени во напад во ноќен клуб во Истанбул.

-Најмалку 39 луѓе загинаа, меѓу кои 16 странци, во напад на ноќен клуб во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи.

Нападот се случил околу 1.30 часот по полноќ по локално време, во познатиот ноќен клуб „Реина“ во областа Бешикташ во европскиот дел на Истанбул на брегот на Босфор.

Сулејман Сојлу, министерот за внатрешни рече дека продолжува потрагата по напаѓачот, кој се верува дека делувал сам.

Најмалку 69 луѓе се повредени, а укажана им е лекарска помош во болница, додаде министерот, Четворица од нив се во критична состојба.

Поврзани новости