Републичкото обвинителство има право и капацитет да ги преземе и распредели предметите од СЈО, вели во изјава за Дојче Веле адвокатот Александар Новаковски. Сепак, според него, тоа може да доведе до одолговлекување на процесите, бидејќи, како што вели, на обвинителите ќе им треба извесен период за запознавање со предметите.
-Ако предметите ги водат други обвинители, бидејќи сериозно е нарушен кредибилитетот на обвинителите во СЈО, сепак, ќе им треба време за запознавање, затоа што се работи за сериозно големи и долги истраги кои се водени не знам со кој квалитет. Но, според нив, има обвиненија кои се во правна сила и тие се дојдени во суд. Сепак, и преземањето ќе одземе голем период, но опасност од застареност нема. Постапките треба да продолжат во Јавното обвинителство, бидејќи тие веќе се на суд и обвинителните акти кои се доставени веќе имаат правна сила. Кога имаат правна сила и се процесуирани во суд не може да ги запре никој, ниту пак може да застарат – вели Новаковски.