Моторџија и велосипедист се тешко повредени во судир со автомобили

by Фокус

Моторџија и велосипедист се пренесени на болничко лекување, откако здобија тешки телесни повреди во две одделни сообраќајки со автомобили.

Во едниот случај, како што се наведува во билтенот на МВР, на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(36) од Скопје.

Во вториот случај, пак, според полицијата, на крстосницата од улицата „Ристо Шишков“ и улицата „Аминта Трети“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(31) од Скопје, и велосипед „Каприоло“ управуван од Ј.Х.(25) од Скопје.

Поврзани новости