Нова понуда на бесплатни украсни коверти за сите кои подаруваат инстант лозови за различни поводи

by fokus

Државна лотарија го поддржува трендот за подарување инстант лозови со понуда на нови украсни коверти кои може да се најдат на сите уплатно-исплатни места ширум нашата земја. Ковертите се добиваат бесплатно со купени инстант лозови во вкупна вредност над 300,00 денари.

Сите кои сакаат да ги израдуваат своите блиски со можни добивки, може да одберат од богатата палета на инстант лотаријата на Државна лотарија: “Дијамант”, “Златна рипка”, “Сеф”, “Златна треска”, “Со среќа”, “Среќен роденден”, “Аладинова ламба”, “Биди Вип, Вози Џип” и други. Понудата постојано се зголемува.

Од почетокот на трендот за подарување лозови за свадба, од март 2015та,  имаме бројни млади брачни парови кои добија поголеми парични суми од лозови од свадба, а веќе четири брачни парови добија возила, од кои во 2016та, еден брачен пар во Скопје доби возило Фолксваген Пасат, а во 2017та младенци во Прилеп добија Киа Спортаж.  Од  инстант лозот Паркирај Хибрид, два млади брачни пара еден во Скопје, другиот во Битола, во рок од два месеца добија по едно возило Тојота Аурис Хибрид. Покрај возила, голем број млади брачни парови на својата свадбена веселба добија и поголеми парични средства и до 150.000 денари. Еден од омилените лозови за подарок на свадба е лозот Дијамант, чија нова серија е во продажба веќе од утре, веруваме дека ќе израдува нови брачни парови.

Сите младенци беа согласни во тоа дека навистина е голема радост кога на свадба во коверт најнеочекувано ќе ти пристигне новиот автомобил или ќе добиеш парични средства за непланирано богато свадбено патување.

Во ек се свадбените и веридбени прослави. Ве потсетуваме кога подарувате во среќни мигови, подарете и инстант лозови, за забава, возбуда, добивки. Кога пожелувате некому среќа, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.

Поврзани новости