Нова наградна игра: Сврти, типувај и награди собирај

by fokus

Од денеска играчите на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, имаат можност да се забавуваат со најновиот награден предизвик. Наградната игра „Сврти, типувај и награди собирај“ на 2win.mk  ќе донесе забава и вкупен фонд на награди од 13.800.000,00 денари.

Видеолотарија касинос Австрија континуирано го следи задоволството на играчите. За нив, подготвивме нов награден предизвик на играчката платформа 2win.mk,  од денес 3 април. Наградната игра „Сврти, типувај и награди собирај“ има богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 13.800.000,00 денари. Ќе се одвива во две фази и тоа:

Фаза 1: Турнирски фаза, и

Фаза 2: Дополнителна игра „Среќно тркало“

И во наградната игра „Сврти, типувај и награди собирај“, ќе се доделуваат награди во две категории:

видеолотариски и електронски игри и спортско обложување

Главните награди се автомобил Мерцедес GLB во двете категории. Целокупната наградна игра во двете фази ќе трае до 1 јули. Правилата на наградната игра се достапни на  платформата 2win.mk

Турнирската фаза ќе трае од 3 април до 25 јуни.

Во текот на наградната игра ќе се доделуваат награди во секое од 3-те (трите) кола во секоја категорија, како и главни награди на крајот на Турнирската фаза во секоја категорија. Колата во Турнирската фаза се во следните периоди на времетраење:

Коло

Почеток на фаза 1

Крај на фаза 1

I коло

03.04.2023 00:00 часот

30.04.2023 23:59 часот

II коло

01.05.2023 00:00 часот

28.05.2023 23:59 часот

III коло

29.05.2023 00:00 часот

25.06.2023 23:59 часот

Во Турнирската Фаза учесникот може да освојува поени во секоја категорија, од по еден добитен спин/рунда односно тикет, кој носи најмногу поени во периодот на добивка. Периодите на добивка се календарските денови од турнирската фаза на наградната игра со почеток од 00:00 часот до 23:59 часот.

Во видеолотариските и електронски игри, учесникот во наградната игра освојува поени од по еден добитен спин/рунда кој му носи најмногу поени во периодот на добивка. Минималниот влог во спинот/рундата за освојување поени е 40 денари.

Во спортско обложување, учесникот освојува поени од по еден добитен тикет во периодот на добивка кој му носи најмногу поени. Минималниот влог на тикетот за освојување поени е 100 денари.

Фаза 2, Дополнителната игра „Среќно тркало“ за секое коло ќе се одржи во просториите на Државна Видеолотарија на Македонија или на друга локација која ќе биде јавно објавена и проследена до квалификуваните учесници, на следните датуми:

Коло

Датум/Почеток Фаза 2

I коло

06.05.2023/ 12:00 часот

II коло

03.06.2023/ 12:00 часот

III коло

01.07.2023/ 12:00 часот

Главни награди

01.07.2023/ 14:00 часот

Во Фаза 2 од наградната игра се квалификуваат првите 10 најсреќни учесници на официјалните ранг листи од наградната игра за секоја категорија, како во месечните кола, така и за главните награди на крајот на последното коло.

Во рамките на наградната игра ќе доделиме вкупно 200 награди од кои 30 се стокови награди, а 170 се парични награди.

ПР текст

Поврзани новости