Жртвите на Хашим Тачи во логорите со порака – смртта е подобра опција

by Fokus

Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се изјаснија за невини пред судот во Хаг. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура.

Специјалното обвинителство тврди дека има доволно докази за да ги докаже обвиненијата.

Тужителот Џејмс Пејс денеска во судот во Хаг зборуваше за тортурата низ која поминале жртвите, истакнувајќи дека тие ја изговарале реченицата „смртта би била подобра опција за нив“, пишува српски „Новости“.

„Тачи и Весели лично однесоа две лица во еден од затворите, а потоа никогаш не се слушна за нив. Ќе слушнете за мајката која чекала преку затворската порта да го види својот син, а кога го видела, едвај го препознала од модринките што ги имал. Затворениците беа во синџири, имаше измет наоколу и спиеја во истата просторија. Ги мачеле со восок, ги палеле со жешко железо, им правеле исекотини на кожата, ги прободувале, им ги ваделе ноктите, ги тепале со шишиња, ги мачеле со струја“ – наведе Пејс.

Тој денеска во воведниот говор на Обвинителството рече дека во логорите Ликовац и Лапаштица, Јабланица, Малишево, Бајгора, Кахан биле малтретирани и мачени и биле принудувани да се тепаат:

„Морале сами да си копаат гробови во Јабланица и да гледаат како се малтретираат другите затвореници. Еден го однеле во собата каде што бил трупот и му рекле дека таму ќе умре“ рече тој.

Обвинителството го заврши воведниот збор, а потоа и обраќањето на претставниците на жртвите.

Поврзани новости