Нова лидерска средба меѓу протести

by Фокус

Помеѓу вчерашниот граѓански митинг во организација на опозицијата и денешниот таканаречен народен собир во организација на власта, денеска попладне треба да се оддржи втора лидерска средва во Клубот на пратеници, на која, покрај лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, ќе присуствуваат и амбасадорот на САД во земјава Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.

Инаку, првата лидерска средба резултираше со заедничка изјава на политичките лидери, со која тие го поддржаа правото на мирен протест, го осудија насилството и се заложија за почитување на евроатланските вредности.

Тогаш, Ахмети бил инциијатор за продлабочување на политичкиот дијалот, додека Груевски и Заев не отстапиле од првичните позиции за надминување на политичката криза.

Поврзани новости