Студентите во Словенија протестираа за поддршка, македонскиот амбасадор ги обвини дека се организирани од опозицијата

by Fokus

Дел од студентите Македонци, кои студираат во Словенија вчера организирале протести на плоштадот Конгресни трг во знак на поддршка на вчерашниот граѓански протест. Според пишувањата на медиумите, студентите првично се органиозирале во помал број, но на изненадување на сите се собрале околу 200 луѓе. На протестот присуствувале и Словенци, Албанци и Македонци.

– На протестот, дури имаше и Англичанки. Поканивме и амбасадори, но тие не се појавија. Македонскиот амбасадор, иако го поканивме, не се појави. Но, затоа пак, на словенското радио „Вал“ истакна дека протестот е организиран од студенти, платени од опозицијата. На, протестот, исто така имаше и неколку провокатори, ама не настана инцидент – информираат студентите што учат во главниот град на Словенија.

Тие објаснуваат дека на протестот се држеле повеќе говори и тоа од студенти што студираат во Љубљана, а говор држеле и двајца Македонци што работат таму. Пред демонстрантите, говор одржала и студентка од Словенија. Дел од нив, објаснуваат дека постојано им се вршеле притисоци, им пишувале приватни пораки и им се заканувале на организаторите.

Македонскиот амбасадор во Словенија, Томи Димитровски во изјава за радио „Вал“ тврди дека македонската опозиција ги инструирала студентите и ги натерала да излезат на протести. Неговата изјава можете да ја слушнете на следниот линк.

 

Поврзани новости