Нова „бомба“ од Мицкоски и Кичеец: Мене ме имаат сликано како влегувам, кога Орце беше под мерки, вели Мицкоски

by fokus

На „Јутуб“ е објавена нова снимка од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милевски-Кичеец, кој е неправосилно осуден во случајот „Рекет“.

Од снимката се заклучува дека Мицкоски и бизнисменот Орце Камчев имале средби, додека бизнисменото бил под Посебни истражни мерки како осомничен во „Империја“ на СЈО.

„Мене ме имаат сликано како влегувам, кога Орце беше под мерки. Колата, ја имаат, не мене, зошто јас влегувам со колата“, вели во дел од разговорот Мицкоски.

На снимката се слуша и женски глас, кој најверојатно е на Слободанка Алексовска, ексдиректорка на Центарот за вработување во Скопје, а сега директорка за човечки ресурси во „Аџибадем Систина“.

„Кога беше кај нас, го имаат сликано кога има дојдено. Зашто Орце беше под ПИ-мерки“, вели соговорничката.

Поврзани новости