Ниту ДПА не оди на избори

by Фокус 16:42
16:42

Албанската партија во опзицијата, ДПА, која досега се немаше изјаснето дали до полноќ кога е крајниот рок за поднесување пратенички листи, се изјасни деканема да учествува на изборите на петти јуни, а следствено на тоа нема да поднесе ниту пратенички листи.

-Уште одамна во неколку наврати сме се изјасниле дека нема минимум услови за одржување на веродостојни избори и дека нема да учествуваме на изборите на 5-ти јуни. Тоа значи и дека нема да поднесеме листи на кандидати за пратеници во ДИК, изјави Луан Треси од ДПА за телевизија Телма.

- Advertising -
"

Од четирите најголеми партии кои го потпишаа Пржинскиот договор, само ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори. Пратенички листи нема да поднесе ниту ДУИ, ниту СДСМ. Засега, друштво на изборите на ВМРО-ДПМНЕ ќе им прави само Јанко Бачев од Народно движење за Македонија (НДМ).

Поврзани новости