ЛДП: Расипничка е намерата за рајски парк од 15 милиони евра на ЕЛЕМ

by Фокус 16:59
16:59

Расипничка е намерата на власта во заминување да гради рајски парк во општина Аеродром со парите на државната компанија ЕЛЕМ, за неверојатни 15 милиони евра, реагираат денеска од ЛДП на намерата на власта да гради таканаречен Рајски парк во Аеродром, кој ќе чини 15 милиони евра.

-Во услови кога државата е во тешка политичка, економска и општествена криза, само и единствено по вина на криминогената врхушка на власт, неприфатливо е да се трошат милионски суми на паркови, вештачки езера, на мајмуни и пауни, велат од ЛДП. Дали ЕЛЕМ ги прашал граѓаните што им треба или едноставно, мора да ги почитува директивите на режимот и фамилијата за продолжување на проектот „Скопје 2014“?, прашуваат од ЛДП.

- Advertisements -

Тие апелираат  да запре потрагата по изведувач на паркот, а проектот да се стопира, а ако ЕЛЕМ има пари и ако сака вистински да придонесе, тогаш компанијата да вложи во обновливите извори на енергија и да инвестира намалувањето на загадувањето од оџаците на трите термоелектрани во Битола.

Поврзани новости