Николовски: Владата не се грижи за селата

by Фокус

Министерството за земјоделство во 2014 година не спровело ниту еден јавен повик за финансирање нови проекти за рурален развој и за развој на селата, а Меѓуресорското тело за рурален развој во 2013, 2014 и 2015 година нема одржано ниту една седница, посочи екс заменикот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

-Ниту предвидените средства во програмите за рурален развој не се релизирани. Од вкупните средства за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, во период од 2013-2015 просечно се издвојувале едвај 36 проценти. Проблемот е уште поголем ако се има во предвид дека најголем дел од средствата се однесуваат за пренесени обврски од претходен период. Пример, во 2014 година пренесените обврски изнесувале 95, а во 2015 година 64 проценти – истакна Николовски.

Тој додаде дека министерството нема изработено ниту годишен извештај за спроведување на Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој и годишна програма за финансиска подршка за 2013 и 2014 година.

Поврзани новости