СЈО ја прими одлуката на Иванов за целосно повлекување на аболицијата

by Фокус 14:05
14:05

Одлуките на претседателот Ѓорге Иванов за целосно поништување на аболицијата на 56 лица се примени, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.

Од таму посочуваат дека бараат притвор за две лица, од кои едно осомничено во предметите за незаконско уништување на опрема за прислушување наречен „Тврдина“, и против едно лице за предметот „Транспортер“, односно незаконското плаќање на превозници во Битола во десеткратно повисоки суми.

За сите останати осоничени СЈО засега бара да бидат изречени мерки на претплазливост.

- Advertising -

 

Поврзани новости