Николовски: Работиме силно и посветено!

by fokus

Љупчо Николовски од синоќа е новиот генерален секретар на СДСМ. Тој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Премиерот Зоран Заев за Николовски рече дека тој е еден од поуспешните министри во Владата и дека сега ќе помогне во оваа партија да биде победничка и во иднина.

Новоизбраниот генерален секретар синоќа се заблагодари за дадената довербата и рече дека на централниот одбор на СДСМ се донесени храбри и решителни одлуки, а фокусот на неговата работа ќе биде строга контрола на исполнувањето на партиската програма и на дадените изборни ветувања.

– Ќе работам заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите што ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпиме и искуството од досегашните потпретседатели, генералниот секретар со целокупното искуство, мудрост и трпение што заеднички го имавме во претходниот перид. Но ќе работиме пред се на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма и нашите ветувања, заради тоа што работиме силно и посветено, рече Николовски по завршување на седницата на ЦО на СДСМ, која траеше близу четири часа.

Поврзани новости