Николовски нема да бара разрешување на Рашковски

by fokus

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, нема да бара разрешување на поранешниот генерален секретар на Владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден 81.000 евра, кој не го користи ниедна институција.

Одговарајќи на новинарско прашање – Дали ќе предложи Рашковски да се повлече од функцијата, по примерот на екс-директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова – вицепремиерот Николовски рече дека се работи за различни случаи.

Тој објасни дека „предлогот за разрешување на Димова следувал откако финансиската полиција покренала кривична пријава, а се повика и на владиниот Етичкиот кодекс, кој, како што кажа, важи за сите министри, заменик министри и за сите функионери именувани од Владата.

Рашковски моментално го води новоформираниот Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, а за именување и разрешување на раководителите на новите Секретаријати, меѓу кои и тој на Рашковски, решава премиерот.

Поврзани новости