Николовски: ИПАРД-програмата е официјално запрена во Македонија

by irena 23:06
23:06

Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, објави дека Европската комисија го потврдила прекинувањето на исплатата за ИПАРД програмата за Македонија, на неопределено време.

„Помина повеќе од еден месец откако понудив помош, конкретни идеи и решенија за да се избегне ова сценарио. Не слушаа, не работеа и еве ја цената. Наместо работа добивме криење, лаги и дефокус. И ете ја последицата најважната европска програма за развој на земјоделството е стопирана, а земјоделците и фирмите што со месеци чекаат инвестиции остануваат со празни раце и со единствена надеж дека ќе дојдат подобри времиња, затоа што од оваа власт очигледно нема на што да се надеваат“, напиша Николовски во објава на социјалните мрежи.

ИПАРД-програмата со која се доделуваа грантови за земјоделството и рурален развој, е запрена по апсењето на директорот на Платежната земјоделска агенција, Илија Стоилев, за примање поткуп.

Слични вести