Николоски: Владата на Ковачевски е составена од поразени политичари

by Fokus

На денешната прес конференција, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски рече дека Димитар Ковачевски предлага влада на поразени политичари, кои економски и криминално ќе ја допотонат Македонија.

-Првото е дека се работи за влада на поразени политичари коишто економски и криминално ќе ја доуништат Македонија. Второ, се работи за влада на континуитет, а никаква нова влада. И трето, влада во којашто доминаат Зоран Заев , Оливер Спасовски и политичката партија ДУИ, рече Николоски.

Според него од она што можеше да се чуе како предлог на влада цврстиот впечаток е дека оваа е влада на исти луѓе, со исти вредности кои донесоа порази на државата, ја направија најкорумпирана во Европа, со огромна сиромаштија, ниски плати, со високи цени на производи, и со веќе многу извесна енергетска и економска криза.

-Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува. Во самиот состав може да се забележи и конфликтот меѓу различните групации коишто постојат во СДСМ, така што се сведува на расчистување на клановски битки од една страна, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот „плата ол пломо“ Кастриот Реџепи, додадетој.

Според николоски составот на оваа влада, кој освен Заев којшто го аминувал , јасно е дека е по силна доминација на Оливер Спасовски којшто има свои кадри во истата.

-Она што е јавна тајна е дека најмалку десетина видни луѓе, професори, истакнати политичари, јавни личности итн. одбиле да се дел да се од оваа влада и го одбиле и Ковачевски и Заев да станат дел од истата, затоа што не се согласуваат со политиките на континуитет на економското и криминално доуништување на Македонија“ рече Николоски.

Поврзани новости