Николоски: Подготвуваме програма, немаме одлука за претседателски кандидат

by Фокус

Имаме тим на луѓе и подготвуваме програма која ќе одговара на реалноста во Македонија, една таква поставеност и посветеност со силна битка со криминалот, кревање на економијата и заштита на македонските национални интереси, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостување во „30 секунди“ за порталот „Експрес.мк“.

-Апсолутно мислам дека работите ќе се поместуваат. Доколку за четири години од следните избори Македонија е попристојно место за живеење со подобри услови, тогаш секако дека се направил напредок – рече Николоски.

Запрашан за тоа кој ќе биде претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека за претседател се уште се нема одлучено и согласно интерните процедури тој ќе го одберат на конвенција.

-Цело наше членство бира делегати, тие делегати се собираат на конвенција, па гласаат за еден од предложените кандидати. Кандидатите ги посетуваат сите наши општински комитети и се презентираат, значи водат една класична внатрепартиска кампања – посочи Николоски.

Поврзани новости