Николоски од Демир Капија: Дали Заев може да го докаже потеклото на својот капитал?

by fokus

Потпретседателот   на  ВМРО-ДПМНЕ  и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска пред жителите на општина Демир Капија истакна дека на 15 јули потребна е победа на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на достоинството на земјоделците, ставање крај на националните понижувања.

-Победа   ни   е   потребна   на   15   јули   за   да   ставиме   крај   на   националнотопонижување, потребна е победа за да има повеќе достоинство за земјоделците,повисоки  пензии за  пензионерите,  повисоки плати  за  работниците,   младите  да остануваат дома а не својата иднина да ја бараат во Швајцарија, Германија или на било кое друго место на Запад, вели Николоски.

Николоски го повика Зоран Заев јавно да одговори дали може да го докаже сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство, бидејќи како што рече тој во програмата Обнова за Македонија предвидено е и испитување на потеклото на сите   политичари   во   Македонија, но и  на   сите вршители на јавни функции во Македонија за да видиме кој, како и зошто се стекнал со енормни богатства воизминатите 30 години.

-На 15 јули ни е потребна победа за да можеме да го реализираме нашиотплан и проект кој што е дел од нашата програма за испитување на потеклото на сите   политичари   во   Македонија,   но   и   на   сите   вршители   на   јавни   функции   во Македонија за да видиме кој, како и зошто се стекнал со енормни богатства во изминатите 30 години. Од тука од Демир Капија јавно го прашувам Зоран Заев којшто вчера во напад на паника поради добрата атмосфера во четвртата изборна единица   почна   да   се   заканува,   дали   е   спремен   јавно   да   каже,   дека   може   да потврди како тој и неговото семејство го стекнале капиталот и дали е сигурен дека со реализацијата на законот кој што ќе го воведе ВМРО-ДПМНЕ за проверка на потекло на капитал, неговиот капитал ќе биде чист. Еве од тука јавно го повикувам да   одговори   дали   може   да   го   докаже   потеклото   на   сопствениот   капитал   и капиталот на неговото семејство, рече Николоски

Поврзани новости