Никола Карабатиќ влезе во историјата на ракометните ЕП

by Fokus

Ракометната репрезентација на Франција вечерва ја порази Хрватска на Европското ракометно првенство во Германија (34-32), во натпревар во кој францускиот ракометар Никола Карабатиќ испиша историја.

Французите на средината од второто полувреме имаа водство од 25-22, кога Н. Kарабатиќ зголеми тогаш на највисоки плус 4 со гол со кој се запиша во историјата како најдобар стрелец на сите времиња на европските првенства, со вкупно 289 голови.

Карабатиќ овој натпревар го заврши со пет постигнати голови.

Франција е на чело на Групата 1 со четири бодови, три има Австрија, Унгарија и Германија по два, еден Хрватска и Исланд без бодови.

Поврзани новости