Ни СДСМ на кланица, ни Груевски ќе куртли, ни бутур

by Фокус

Пишува
Рубин ИВАНОСКИ
активист на СДСМ

Врз мене во последен период се упатени грст навреди само затоа што имам мој став и видување околу ОТПОРОТ и победа над Груевски на парламентарни избори па се чувствувам должен да дадам одговор на истите.

Никој не ми го пери паметот и обидете се тоа да го извадите од мислите и обидете се да ги увидите фактите во реалноста.

Вакви тези ретко пишувам и би сакал да не ги напишам но така е како што е бидејќи тоа е реалноста денес. Од една страна покрај сите глупости што ги прави Груевски тој е многу паметен и неговите глупости успешно ги покрива. Тој успева да го згрижи своето гласачко тело и да ја бетонира бројката која никогаш нема да го изневери со работни места, парична помош, социјална помош и се друго како добробит за нивна лојалност и послушност а од друга страна овозможува нормално функционирање на се во државата. Исплаќање пензии, субвенции,па дури и помага во вработување на членови на СДСМ на пример по 3 до 4 од фамилија и со тоа го спласнува незадоволството па од тука ОТПОРОТ не е возможен сега за сега.

Инаку фактите на одредени „експерти” се излитени, неосновани, трули, бледи. Јас факти носам и менувам мислење врз основа на докази, аргументи и врз база на тоа што го гледам на терен и по народот а не од рекла казала и муабети кој што си ги прават во наш опозиционерски табор а воедно лажење и тешење меѓу себе. Што се однесува до значењето на ОТПОР тоа значи разбуден народ, а не мобилизирана политичка партија.

Зошто го тврдам ова? Ова го тврдам затоа што СДСМ многу погрешно изигра пред претстојните локални избори и наместо да оди од врата на врата, да ги види голите факти со око и да нуди решенија на народот исто така од врата на врата и од дуќан до дуќан тие отидоа на улици нормално заедно со мене на чело а за тоа време ВМРО-ДПМНЕ си обезбедија добар дел на гласачи од опозицијата, и мислам дека беа некаде 2 недели нивни „труд и работа” (чиј труд беше давање на се и сешто од ЛЦД телевизор во ромска населба во куќа кај што нема струја до евра и суви пари на рака, правење од опинок до инспектор во државна институција и сл.) кои вродија со плод.

Јас лично со информациите кој ги добивав од терен како дел од локалните избори во партискиот штаб на СДСМ Прилеп предупредив 8 месеци пред локалните избори за висок одлив на гласови врз контото на ВМРО-ДПМНЕ а тогаш добив повратен одговор дека и тие губеле луѓе и дека таква ќе била борбата, ние нивни гласачи тие наши. Само што не им текна на овие дека ВМРО-ДПМНЕ нема поголемо гласачко тело од СДСМ и дека бројката и гласачкото тело било секогаш на страната на СДСМ па од тука на ВМРО-ДПМНЕ не им требаат нивни гласачи туку на опозицијата!

Никој ама баш никој нема право да тврди дека овој режим сака да падни повеќе од мене па од тука тезата дека некој ми ја полни главата со памук е само доказ дека сите оние кој ме обвинуваат за тоа е немање аргументи и покажува нивна слабост за да ја победат оваа изборна автократија или автократски режим на Груевски.

Тезата на ВМРО-ДПМНЕ беше следна: дека СДСМ нема концепт и програма со ОТПОРОТ на опозицијата со тоа што со сите нивни медиумски лигуши тврдеа дека ако СДСМ има решение и надеж за народот немаше да излези на улица и да се бламира и за жал им успеа со помош на ОТПОРОТ. Проблемот кај СДСМ беше што оние кој обвинуваат други за различен став од нивниот и дека СДСМ ќе отишол на кланица дека работат за Грујо е доказ за нивната неспособност да се справат со Груевски и не беа способни за работа на терен туку беа научени да носат одлуки и заклучоци врз база на седенки по кафулиња, врз седенки внатрепартиски и врз етикетирање за тоа кој и каков е.

Зар вие мислите дека на народот им е гајле за едно 200-300 души кој планираат да туркаат зид со глава.Тоа што дел од опозиционерите не работеле или не сакале да работат на терен незначи дека незадоволство кај народот неможе да побудиш. Со ОТПОР тоа е погрешен начин и сметам дека отпорот е еден неталентиран, неуспешен концепт.

За да ја побие СДСМ тезата на дел од овие „експерти” кои 8 години ја водат СДСМ и ја носат во бездна и распад опозицијата треба да тргне во поход кон народот од врата на врата,да се бори за програмата и решението кое го нуди на терен и да се бори жестоко во парламентот бидејќи нема никаква медиумска застапеност и тоа мора максимално да се користи.

Трибините на новото раководство на СДСМ се запознавање на членството со програмата и запознавање со агендата а тоа е одење од врата на врата и нудење на алтернативата со која народот треба да одлучи за својата иднина и сметам дека тоа треба секој член и симпатизер на опозицијата и СДСМ максимално да го искористи за придобивање на гласачкото тело а највеќе на неопределените гласачи. И знаете бидејќи ги читам насекаде по фејсбук, искрено во последно време мене пак теориите од Героски не ме занимаат и тие се многу погрешни. Изгубивме време со ОТПОРОТ и не одевме од врата до врата.Да не зборувам како го разбудија Скопје со 200 присутни до 300.

За пораз на Груевски треба народот да сака да се случи тоа и под тоа не се подразбира само организирана партија ами нудење и решенија. Народот ако тргне во поход на гласање и рушење против Груевски како што е пример Општина Центар и другите општини кој што ги освои опозицијата ништо нема да го сопре ни ДБК ни УБК ни МВР ни ништо, тврдам и гарантирам дека е тоа така.

Народот не е до толку уплашен колку што беше досега без алтернатива од нас од СДСМ туку имаше само едно ветување дека ќе се живее подобро без притоа таа програма да се внесе во секој топол дом. И за крај ќе ги запрашам дел од „отпорашите”,  како ќе го натерате народот да и се приклучи на опозицијата? Со клоци? На сила ќе го терате да излезе против Груевски? Без надеж за леб и подобра иднина артикулирано во решение народот никогаш нема да тргни да го руши Груевски, било тоа да е на избори, било тоа да е преку улица. И во следните неколку пасуси би сакал да одговорам на обвинувањата на еден новинар чие име е општо познато дека опозицијата ќе отишла од кланица на кланица.

По сите обвинувања по јавните мрежи што е тоа поместено во СДСМ, а на тоа алармираат дел од интелектуалците како еден познат новинар и неговите Б. и И. (вкупно 5 на број), се загрижив и морав да испитувам малку па дојдов до следен заклучок: Дел од подржувачите на новинаров на профилите имаат слики на Ленин, Сталин, Троцки, Бухарин и Лаврентие Берија а пропагираат демократија и слобода на говор, како и срп и чекан меѓу другото инивна подршка до Путин. Толку за сега за подржувачите на овај новинар. Тие си знаат и се чита тоа по Фејсбук. Кога предупредив за ова тие истите подржувачи одма бришеја слики и постови по Фејсбук. Да не заборавам дека дел од подржувачите на јавните мрежи овие 2 години најмалку немаат напишано нити еден пост против ВМРО-ДПМНЕ.

Во втора фаза побарав од СДСМ да ми достават списоци на ангажирани интелектуалци во СДСМ,а посебно кои се тие кои сега не се, а биле во времето на Црвенковски. Нема нити еден отфрлен од времето на Бранко Црвенковски освен оставката на Мимоза Ристова во советот за образование.

Не само што не е отфрлен нити еден, туку капацитетите со интелектуалци се триплирани .Дали се елитисти или не се, јас незнам, сите не ги познавам но би го упатил новинарот да истражи и официјално да ги побара листите на членовите во Советите. Посебно во Советот на Оснивачи и Советот за Култура. На Фб нека им разгледа соодветно профилите на истите. Така да на СДСМ тврдам како долгогодишен член не му се потребни овие препукувања најмалку идеолошки.

На народот му е потребна надеж и леб. Ако му смета на новинарот тоа дека средната класа е нов проект и не е адекватен на СДСМ, најдобро е да појде на советување кај режимот, десницата, заради што па и нив нешто им смета тоа со средната класа па затоа прават пустош.

При тоа сите кои мислат како новинарот ги упатувам на истата адреса. Адреса како се случило СДСМ да има вакви капацитети го упатувам да праша и на адресата на Бранко Црвенковски. Сепак не само што сите се задржани од тоа време туку им се придружиле двестамина или триста други интелектуалци со крупен капацитет.

СДСМ само ги зголемил капацитетите многу кратно. Приватната хајка на новинарот против некои членови на СДСМ лично ја сметам и натаму само приватна хајка и измислување на непријатели и ветерници и ништо друго. Нека објаснат оваа група како тоа знаеле дека ќе ги изгубат локалните избори а барале предвремени парламентарни.

И на крај – или си со СДСМ или не си со СДСМ, а сите други со добри намери ги повикувам да ни се придружат. Делење на СДСМ и враќање на Бранко е сега добар проект на ВМРО-ДПМНЕ да им се даде уште 2-3 години да седат на власт.

 

Поврзани новости