Ни доаѓа сибирски студ, за Божик и до минус 20 степени

by fokus

Од четврток Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење што ќе предизвика значителна промена на времето, најави УХМР.

„Ќе биде многу студено и насекаде ќе се формира снежна покривка која ја планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата. Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени“, информираат од УХМР.

Поврзани новости