ВИДЕО Шилегов: Со Груевски е завршено, тоа ќе го сфати и ВМРО- ДПМНЕ

by fokus

„Зборот на Никола Груевски во политиката, вреди колку и денешниов приказ. Зборот на Груевски вреди колку и неговото ветување пред три години дека ќе изгради нов клинички центар. Зборот на Груевски во политиката не вреди веќе ништо. Колку побрзо внатре во ВМРО-ДПМНЕ сфатат дека треба да го снема Груевски од политичката сцена, толку подобро како нив за партија, толку подобро за Република Македонија како држава“, одговори Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на забелешката дека ВМРО-ДПМНЕ очекува претседателот Ѓорге Иванов да и го довери мандатот.

Искрено се надевам дека во блиска иднина ќе се најдат сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му кажат на Груевски дека неговото е завршено, изјави Шилегов.

Тој додаде дека за евентуални коалиции СДСМ благовремено ќе ја информира јавноста.

На прашањето дали СДСМ останува на ставот и предизборното ветување за екстерното, Шилегов рече:

„Секако дека остануваме, кажавме дека на првата седница ќе го укинеме екстерното тестирање. Екстерното тестирање стана метод за уценување на наставниците и е стрес за учениците.

Тој најави дека Клиничкиот центар ќе се гради на истиот простор, со посветено работење, со поветена работа со парите на граѓаните, а не, како што рече, со луксузирање и со фрлање на парите на граѓаните за приватните фрустрации на Никола Груевски и за изградба на нефункционални и непотребни објекти.

Поврзани новости