Нетанјаху: Продолжуваме до крај

by fokus

Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер, рече дека затворениците биле ослободени благодарение на воениот притисок и дипломатските напори на земјата. На прес-конференција Нетанјаху рече дека војната „ќе продолжи додека не ги постигнеме сите наши цели“.

Тој додаде дека тоа значи враќање на затворениците и елиминација на Хамас.

„Копнената операција е неопходна за да се постигнат наведените цели“, рече тој.

Нетанјаху рече и дека „неговите трупи се борат во согласност со меѓународното хуманитарно право“.

„Ова е долготрајна војна, но ние ќе ја добиеме оваа војна на крајот на денот“, рече тој.

По краткото примирје, Израел продолжи со силните напади врз Газа, а бројот на загинати веќе изнесува стотици.

Администрацијата на Бајден денеска нагласи дека САД нема да дозволат принудно преселување на Палестинците, ниту пак какво било прекројување на сегашната граница на Појасот Газа.

Во исто време, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изрази „жалење“ за продолжувањето на израелските напади врз Појасот Газа, нагласувајќи ја обврската на Тел Авив да го почитува меѓународното хуманитарно право и законите на војна, која тој ја опиша како „не само морална, туку и законска обврска“.

Поврзани новости