Немаше свои деца, но го даде животот штитејќи туѓи, вели братот на убиениот чувар

by Фокус

Во масовна престрелка во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград загинаа осум деца, како и еден обезбедувач, кој бил прв на мета на малолетникот Коста.

-Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така – изјавил братот на покојниот Драган В. за Телеграф.рс.

Според него, Драган бил разведен и не оставил потомци.

-Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца – вели тој.

Поврзани новости