Нема веќе летови од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон, велат од „Виз Ер“

by fokus

Унгарската компанија „Виз ер“ ја укинува продажбата на билети за двe од своите авионски линии надвор од Македонија, една седмица откако Владата го поништи тендерот за доделување на финансиска поддршка за лансирање на нови дестинации.

Нискобуџетниот авиопревозник ја прекина продажбата на билети за Скопје-Барселона од 26 октомври. Исто така, ја прекина продажбата на билети за своите летови од Охрид до Лондон од 24 октомври.

„Виз ер“ ќе ги прекине летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември, поради слабата побарувачка. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети е прекината.

Поврзани новости