Скопјанка хоспитализирана откако паднала од трактор

by fokus

43-годишна скопјанка била пренесена во Клиничкиот центар во Скојпе, откако паднала од тракторот, кој го возел нејзиниот сопруг. При падот, таа се здобила со тешки телесни повреди, а при прегледот била задржана на домашно лекување.

„На 12.08.2018 година околу 10.40 часот на ул. „Речиште“ во Скопје,  Д.К. (43) од Скопје паднала од приколка која била натоварена со сточна храна и прикачена за трактор што го управувал нејзиниот сопруг Т.К. (48) од Скопје. Таа паднала во моментот кога приколката се откачила од тракторот. Од падот Д.К. се здобила со тешки телесни повреди и со друго возило била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош таа била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости