Нема преживеани во хеликоптерската несреќа во Грција

by fokus 19:59
19:59

Припадници на специјалната нуркачка единица на крајбрежната служба на Грција попладнево ги извлекоа безживотните тела на двајцата патници и пилотот од приватниот хеликоптер што во 15 часот и 40 минути се урна во морето во близина на грчкиот остров Порос, jави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба, Никос Лагадианос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, наведе дека во хеликоптерот имало три лица, пилотот кој е Грк и двајца патници – странски државјани, а според информациите во грчките медиуми, станува збор за Руси.

- Advertisements -

Прво беа пронајдени и извлечени телата на патниците – руските државјани, а подоцна и на пилотот.

Повеќе од два часа траеше акцијата за пронаоѓање на патниците во хеликоптерот „Агуста 109“, што е во сопственост на компанија за изнајмување, а кој тргнал од месноста Галатас наспроти островот Порос, оо крајна дестинација – атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Во потрагата учествуваа шест бродови на крајбрежната служба, шест приватни јахти, три мали чамци, припадници на специјалната нуркачка единица и хеликоптер „Супер пума“.

Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас. По падот на хеликоптерот, на островот во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Поврзани новости